Ѓоковиќ ќе мора да ѝ плати на Австралија и казна од – половина милион долари!

Загубата на српскиот тенисер ќе биде повеќекратна, првенството што нема да има можност да дојде до историскиот 21. трофеј од најголемите светски собири со што дефинитивно би станал најдобар на сите времиња, но и што ќе остане без шанса да биде прв со двоцифрен број победи на Австралија опен. Згора на тоа, наместо со парична награда за остварениот успех, тој ќе остане и без 500.000 долари, кои мора да ѝ ги плати на Австралија како компензација за судскиот процес по негово барање, кој тој го загуби.

Ѓоковиќ најави дека во следниот период ќе одмори по пеколната недела, а неговиот татко Срѓан најави дека ќе се види со сите во Париз, алудирајќи на „Ролан Гарос“, вториот гренслем-турнир на кој популарниот Ноле ќе ја има првата следна шанса за влез во историјата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мурињо: Ги лажев сите!

Жозе Мурињо во неделата го имаше својот 1000 јубилеен натпревар во својата професионална тренерска кариера. Рома на Олимпико…