Османи – македонски службени лица го минирале процесот со Бугарија

Лица од македонски институции се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот, вели шефот на дипломатијата Османи. Тој не сакаше да открие детали, ниту во кои институции работат, дали се членови на политички партии, ниту пак каде се јавувале во Софија.

Според Османи, станува збор за лица кои се поврзани со двајцата вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија а кои ги посочи бугарскиот премиер Петков дека работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.

– Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Р. Бугарија кажувајки дека е непотребен целиот овој ангажман, затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може да се постигне одредено решение. И луѓе во институции коишто јас сметам дека се на иста линија со овие кои што ги коментира господинот Петков. – рече Османи.

Османи се надева дека преговорите со Софија се во финалната фаза и вели дека  континуирано има обиди за блокирање на процесот. Во однос на преговорите со Софија за вметнувањето на Бугарите во Уставот, Османи има различен став од оној на  Ковачевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Градоначалничката Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница честиташе празник со фотографија од времето на Коце Трајановски

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска на својата официјална Фејсбук страница направи грешка во обид да го честита…