Горан Митаноски , вујко на Мартин Нешкоски момчето заради чија смрт се крена Шарената револуција за рушење на режимот на Никола Груевски, утринава го пронашол својот автомобил целосно искршен. Сите стакла се искршени, но од внатре ништо не е одземено. Настанот е пријавен во полиција.
Ова не е прв проблем на Митаноски. Неговото семејство е под постојан притисок од структури со кои полицијата не може да се справи.
Пред дваесетина дена и синот на Митаноски бил нападнат на Кеј на потегот зад Влада. Момчето одело на тренинг кога други момчиња го нападнале и ограбиле. Детето се обидело да се одбрани но кога видело дека еден од нив извадил нож се повлеколо.
Семејството на Митаноски не живее спокојно оти имале упад и во домот. Сите настани сите насилства се пријавени во полција но до сега ниту еден од нападите не е решен. Семејството не живее спокојно и секојдневно стравува што ќе се случи следниот ден или вечер.
Поврзани објави
Писмо од Идризово: Болни од хепатит и наркозависници на исто место со здрави затвореници
До редакцијата на dosie.mk пристигна писмо кое во целост Ви го презентираме. Во него затворениците ја опишуваат состојбата…
Мајка на дете со аутизам: Бескрајно им благодарам на докторите од Ургентен што нашиот живот вчера го направија полесен и поубав
Еве како во еден здив го раскажува она што го поминале со нејзиното дете: Ноќеска имав едно невообичаено…
Детска клиника одбива да извади катетер на дете вграден во приватна болница
Десетгодишната Билјана Пешевска од кратовското село Трновац и нејзините родители собираат 60 000 денари за да и се…
ВИДЕО: Отец Александар попот кој е хит на You tube
Александар Кухта е православен свештеник во мало место во Белорусија. Но, има илјадници следбеници на Јутјуб, каде што…