На 52 годишна возраст во кусо и тешко боледување почина првиот македонски победник на едно ријалити-шоу Драги Христов познат како „ Драги Шпага“ .
Драги бил погребан вчера на гробиштата во Драчево во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.
Според информациите на медиумите, Драги тешко го поминал периодот со корона а минатата година му бил откриен рак на белите дробови.
Инаку Драги Шпага јавноста го памети како првиот победник на македонското реално шоу „Тоа сум јас“ .
Христов едвај го преживеа претходното заболување од Ковид-19, кога беше објавено дека 20 часа бил во кома.