Адвокатите на Мијалков бараат запирање на „Тортура“

Адвокатите на Мијалков обвинет за случајот „Тортура“ побараа запирање на кривичната постапка против него и шестмината  припадници на алфите обвинети за нечовечкото апсење на Љубе  Бошковски пред 8 години. Според одбраната, веќе поранешните обвинители во СЈО не се надлежни да го застапуваат предметот зашто сѐ уште во сила е законот за СЈО.

Судењето почна одново, а поранешните специјални обвинители на Судот му посочија дека имаат решенија од државниот обвинител Љубомир Јовески да го застапуваат предметот откако тој прејде во редовното обвинителство. Судот дополнително треба да донесе одлука дали ќе го прифати барањето на одбраната.

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави
Повеќе

Лиле Стефанова: Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз предистрагата користејќи го моето познанство со господинот Ванчо Чифлиганец

По втората снимка за случајот Рекет со соопштенија се огласија Лиле Стефанова и Катица Јанева. Во продолжение соопштението…