Албанската опозиција, новата влада е измамничка и нелегитимна

Kоалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива смета дека новата влада на СДСМ и ДУИ е чиста измама и нелегитимна.

„ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ “, велат од албанската опозиција и додават дека таквата влада не заслужува никаква почит.

Тие истакнуваат дека во земјата е инсталирана политичка каста, која ќе владее без принципи и водени само од тесни деловни, клански и семејни интереси.

„Ние ќе бидеме бранител и непоколеблив војник против оваа нелегитимна и измамничка влада“, велат тие и најавуваат дека од утре ќе бидат во офанзива со сите  демократски средства да ја вратат демократијата и да престане политичката измама. Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts