видео: Д-р Сузана Арбутина на оригинален начин му оддаде почит на прерано заминатиот колега Трајче Нешковски

Лекарската комора одбележа 29 години од основањето. Во годината од еден до друг роденден, направивме многу, искрено се трудевме да одговориме на поставените цели и задачи но, сепак, најголемиот товар на кризата го понесоа нашите членови, докторите од сите нивоа на здравствениот систем кои во услови на пандемија професионално, посветено и пожртвувано се грижеа за здравјето на граѓаните, истакна претседателот на Лекарска комора на РСМ проф. д-р Калина Гривчева Старделова на свечениот настан по повод одбележување на 29 години од основањето на Комората.

На настанот Комисијата за доделување на награди ја соопшти одлуката највисокото признание на Лекарската комора на РСМ, Плакетата “Св. Наум Oхридски” за 2020 година да ја додели постхумно на д-р Трајче Нешковски, доктор од ЈЗУ УК за пулмологија и алергологија.

„Д-р Нешковски беше млад лекар во подем, со големи потенцијал, исклучителен капацитет, искрена и посветена желба за работа.

Прераната смрт застана на патот на неговите новите успеси и победи, но сепак д-р Нешковски останува да биде светол пример од кој младите лекари треба да учат за тоа што значи да се биде доктор.

Со доделувањето на Плакетата “Св. Наум Oхридски” изразуваме благодарност до д-р Нешковски за значајниот придонес кој го даде, но и даваме поттик за неговите колеги да продолжат по патот кој тој го трасираше“, рече проф. Д-р Даница Поповиќ Моневска.

Докторката Сузана Арбутина од Клиниката за пулмологија и алергологија даде осврт кон тоа кој бил Трајче Нешковски како лекар, пријател и човек.

Наместо говор, Арбутина подготви видео за Нешковски со кое преку фотографии, смс пораки и лични доживувања ги потсети оние кои го познаваа колку голем човек беше тој, а на останатите им овозможи да го запознаат.

Total
0
Shares
Поврзани објави