Девет починати, 150 ново заболени и 30 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие девет лица починале од компликации од Ковид-19, од 1086 тестирања кај 150 лица е откриено присуство на вирусот САРС-КоВ-2, а Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти.
Новодијагностицираните случаи се во : Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во Градската општа болница „8 септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години. Денес Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно дијагностицирани со ковид се 5906, оздравени се 2236 пациенти, а бројот на починати е 277. Бројот на активни случаи е 3393.

„На Инфективната клиника примени се 16 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, соопшти Министерството за здравство.

Total
0
Shares
Поврзани објави