Директорката на Кожно денес ќе се разреши, најмладата сомнителен случај 16 – годишно девојче- сите сет мерки на Владата

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека е донесена одлука денеска да се разреши директорката на Клиниката за кожни болести.

„Претседателката на ДКСК  ми укажа дека кога има ваква итност може да се изврши веднаш. Денеска ќе биде направено тоа и ќе се назначи В.Д директор и покрај тоа што нема работен процес на клиниката за дерматовенерологија има работи кои течат тековно и некој треба административно да ги извршува“, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција , Венко Филипче.

Кај неа вчера беше потврдена зараза со коронавирус, но таа не пријавила кај надлежните дека патувала во Италија, туку тоа го сториле нејзини колеги. Директорката пет дена заразена одела на работа, иако препораките се 14 дена самоизолација.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку прес-конференција откри дека вкупно 7 пациенти се наоѓаат на клиниката за инфективни болести во Скопје и истите имаат лесна клиничка форма на вирусот.

Тој додава дека за истите нема потреба од користење на механичка изолација, а само за една практично првата е целосно стабилизирана и се очекуваат контролните резултати да се потврди дали е целосно оздравена, а првиот беше негативен.

-Нема нов случај на коронавирус во Македонија во изминатите 24 часа, но се тестира само една пациентка која се тестираше во текот на вечерта и утрово. Станува збор за 16 годишна пациентка која има неспецифични знаци на горнораспираторна болест, рече Филипче.

Македонија денеска донесе одлука да се затворат сите основни, средни училишта, градинките и факултетите.

Сепак најголема мака во овие моменти имаат родителите на децата кои одат во градинка и на оние кои имаат до 10 години и одат на училиште.

Во врска со ова прашање министерот Венко Филипче изјави дека еден родител на дете до 10 годишна возраст ќе му биде дозволено да отсуствува од работа и истото ќе му биде целосно платено затоа што ние административно ќе го известиме Министерството за труд и социјална политика во рок од 14 дена.

-Сакам да упатам и апел да се почитува практично мирувањето и седењето дома и да не се претвори ова во едно масовно посетување на игротеки како што беше случајот со епидемијата на морбили, бидејќи оваа мерка нема да има смисла, децата да мируваат дома рече Филипче.

Тој додава дека ова важи за државните и приватните институции, а доколку некој не го почитува ова следува казна согласно членот 205 и 206 од кривичниот законик!

Тој додава и да се упати заклучок и препорака од страна на Владата на Република Македонија до сите органи на државната управа и до едниците на локалната самоуправа за времен прекин од работни обврски (не одење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хроничните болни лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави