Во Белград денес била фрлена бомба во двор на семејството на Јелена Р. поранешна сопруга на хашко осуденик Ранко Ш.
Според информациите на редакцијата Курир.рс повредени нема но е причинета материјална штета на автомобил и на фасада од куќа. Жената веднаш повикала полиција која врши увид. Првично се работи за рачна бомба M-75, која е фрлена од улица преку оградата од влезната врата во дворот.
Јелена Р. кога го пријавила нападот кажала дека се сомнева во нејзиниот поранешен сопруг со кој има проблеми. Тој е поранешен осуденик од Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени на територија на Република Српска и во Босна и бил осуден на 18 години затвор откако признал вина.

Од затвор излегол 2003 година, а одлежал во Данска. Јелена додека бил во затвор се развела од него но се уште двајцата имаат спор околу имотот.
извор: Kurir.rs