Филипче најави нови ограничувања ако мерките не даваат резултати

Министерот за здравство Венко Филипче најавува целосно затварање на угостителските објекти многу порано или целосна забрана на културни настани ако досегашните мерки не даваат резултати.

Филипче уверува дека има сосем доволен број на кревети нема да се одбие ниту еден пациен.

„Не е целта целосно да се исполнат капацитетите и затоа следиме каков резултат ќе имаат овие мерки коишто очекуваме значајно да ја намалат трансмисијата на вирусот и ги споменав кои мерки би ги вовеле и во следните денови. Состојбата секојдневно се следи“, вели Филипче.

Тој негира дека се вратени пациенти од некоја болничка установа, но можело да има подолго чкање.

„Практично целите болници се сега во фаза на мобилизација и ги лечат ковид – пациентите. Се повеќе се сместуваат и на други одделенија поради тоа што инфективните се веќе преполнети. Значи ниту еден пациент не бил вратен од болница ако навистина им индикација за болничко лекување“, изјави Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави