Филипче потврди : Да бев на средба кај Боки со Орце

Министерот за здравство Венко Филипче потврдува она на што Орце Камчев одговори а на прашање на Боја дали во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски на 15 март се одржала средба на која присуствувал и тој.

„Средбата која се споменува во денешното судење за случајот „Рекет“ се одржа на барање на Бојан Јовановски на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно приватно партнерство за болница која тој имал намера да ја прави“, вели министерот Филипче во изјва за НоваТВ. Од состанокот, тврди Филипче, не излегло ништо и друга средба потоа не се ни остварила.

Во вкрстеното испрашување Јовановски го праша сведокот Камчев за средба во неговиот со акцент на тоа „Кој министер присутвуваше?“. Иако прашањето го оцени како нерелевантно Камчев рече дека освен жената која чистела кај Јовановски и Зоран Милески Кичеец присуствувал и Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави