Нема бурек за Владо Јовановски

Пред почетокот на денешното судско рочиште за настаните од 27 април се случуваше вистинска драма на пријавницата пред влезот во новата зграда на кривичниот суд. Судската полиција, при контрола на обвинетите Владо Јовановски и Борис Дамовски, од нивните чанити извади списанија, бурек и сок и не им дозволи да ги внесат во судницата, пренесува Макфакс.
Обвинетиот Борис Дамовски на тоа се спротивстави и рече дека списанијата не се електронски уред за да не може да ги внесе во судницата и оти тоа не е забрането.

На тоа следеше кратка расправија меѓу тројца припадници на судската полиција и обвинетиот Дамовски, во која Дамовски инсистираше да ги внесе списанијата.

Едниот од полицајците му рече да не се расправа и дека не може да му дозволи да влезе во судската сала со списанијата и дека во судницата е дозволено само внесување вода.

Полицијата претходно го извади бурекот од чантата на актерот Владо Јовановски, со истото образложение дека не смее да го внесува во судската сала. На тоа Јовановски се насмевна и рече дека можеби во бурекот има опасни материи. Расправијата создаде мал метеж пред судската пријавница, по што обвинетите се упатија без списанијата и храната во судницата.

На денешното рочиште, според динамиката на судење, треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од обвинителството.

извор: Makfaks.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави