Половина судии од Кривичен бараат помалку работа , а поголеми плати, останатите не доаѓаат на колегиум

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев одржал колегиум со половина број од судиите и донеле одлуки во име на сите. Од 56 судии на последниот колегиум учествувале 26 , кои донеле заклучоци околу бодувањето на судиите и одредување на нормите за работа. На состанокот присуствувале дел од судиите од организиран криминал и неколумина од кривичнот оддел кои судат предмети на СЈО и на некои и им се слушаше гласот во бомбите.
Судиите на колегиумот за прв пат и истакнале ново барање, а тоа е инсистирање во нормата да влегува и учество на судиите во петорки. Велат дека е несфатливо зошто и по кои критериуми Судскиот совет не го признава нивното учество како судија во совет од петмина. Според она што го истакнале тие учествуваат умствено , физички и временски во носењето на одлуките.
Секој оддел предложил свои норми па така на пример одделот за претходна постапка за организиран криминал предлага ориентациона месечна норма да биде од 8 до 10 предмети, но во оваа бројка да влезат и издадени наредба за издавање посебни истражни мерки.
Најзагрижени и најмногу предлози имаат судиите од организиран кримианал кои, според нив, се разликуваат од другите колеги оти работат комплицирани предмети за тешки кривични дела , па затоа и платите им се поголеми од останатите. Тие сметаат дека треба да бидат ослободени од нормата, за непречено и пред се без притисоци да носат одлуки. Бараат да се вреднува и работата на сите судии од кривичните совети на судот поддеднакво ,а не тоа да важи само за Претседателот на Кривичиот совет.
Според заклучоците од колегиумот судиите од Судскиот совет бараат јасно да им се дефинира терминот ориентациона норма на сработени предмети. Според судиите Судскиот совет ја поврзува нормата со фиксна бројка,а всушност според нив треба да биде бројка за судијата за тоа колкав број на предмети треба да тежнее да заврши во еден месец.
Во четврток во Судскиот совет е закажана седница на која ќе се формира Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните, апелационите, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави