Филипче стравува дека есента носи поголема опасност од Ковид-19

Mинистерот за здравство Венко Филипче стравува дека есента носи поголема опасност за коронавирусот поради поголема концентрација на луѓе во затворени простории. Тоа може да доведе до дополнителен број на заболени од сезонски грип и до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. 

Филипче смета дека ова сценариоби можело да се избегне, но доколку тоа се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува. А тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови,а со тоа и откривањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот“, вели Филипче.

Тој смета дека увидот на епидемиолошките прашалници укажува секој пациент од каде е заразен, се анализира и се бараат контактите.

„Благодарение на стратегијата на широко тестирање и стратегијата на тестирањето на контактите коишто немаат симптоми, а епидемиологот ќе утврди дека се од висок ризик – ние успеваме да откриеме голем процент – близу 30, на пациенти кои се асимптоматски“, додава Филипче.

Според него, широкото тестирање го спречува понатамошната трансмисија на вирусот бидејчи носителите на вирусот немаат никакви симптоми. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави