Пожар попладнево зафати напуштен објект во центарот на Скопје, на улицата Максим Горки, спроти Соборниот храм., поточно поранешно Кинг Бургер.








13 пожарникари со неколку против пожарни возила успеаја да го изгаснат огнот. Од противпожарната бригада за Dosie.mk велат дека брзо го локализирале и изгаснале огнот.
Нема повредени иако на местото на настанот имаше и Итна медицинска помош, а дополнително ќе се утврдуваат причините за избивањето на пожарот.