Гаши: Ако Зибери не стане премиер, ДУИ треба да оди во опозиција

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши смета дека ако ДУИ не успее да го наметне Насер Зибери за премиер тогаш треба да отстапи од преговирите за новата влада и да даде можност на албанската опозиција да предговара за формирање на ново парламрнтарно мнозинство.

„ДУИ треба да проба да го има својот премиер, тоа е Насер Зибери, уште го гледаме по билборди во Скопје, тие добија толку пратеници заради него, и сега ако не можат да го исполнат тоа ќе треба да отстапат и ќе треба да се направат други комбинаторики, нашата коалиција ќе треба да настапи и да почнеме преговори. Ние не сакаме да влегуваме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет. Тие треба да се соочат со тоа што го ветија“, вели Гаши за Слободна ТВ.

Гаши, кој на избори учествуваше во коалицијата на Алијансата за Албанците и заедно освоија 12 пратеници, тврди дека Управниот суд го легализирал поткупот и манипулацијата на изборите, но тоа не значи дека ДУИ е легитимен претставник на Албанците.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Терминот фашистичка не, Бугарија не е фашистичка земја – ставови на преговарачите – Бујар Османи за заедничко чествување на Гоце и Кирил и Методиј ?

Терминот заедничка историја, од бугарска страна се следи како концепција на бугарска нација формирана во средниот век, чиј…