Јавниот обвинител го поддржува проветрувањето на судството

Јавниот обвинител Љубомир Јовески ги поддржува заложбите за реформи во правосудството, затоа што досегашното работење покажа низа слабости и поттикна недоверба на јавноста во правосудните институции.

„Од тоа не се плашат повеќето обвинители и судии и верувам дека повеќето од нив ќе се вклучат во процесот на реформи. Иако јавноста има изградено мислење кое не оди во полза на судското и јавно обвинителското постапување, бидете уверени дека голем е бројот на чесни, стручни професионалци кои постапуваат по словото за законите“, вели обвинителот Јовески во интерју за Фокус.

При оценка на работата на судиите и обвинителите Јовески смета дека треба да се земе и условите во кои работат тие.

„Имајќи предвид многу аспекти на постапувањето, сметам дека било која интервенција, треба да биде многу добро осмислена, со правилна, независна методологија спроведена од стручни компетентни лица“, додава тој.

Според него, прочистувањето на судството треба да б иде изграден врз мерливи и јасни критериуми, спроведен од компетентни и стручни лица, а треба да биде раководен од судовите, од обвинителството.

На годишно ниво во јавните обвинителства се водат постапки во просек против околу 30 000 полнолетни сторители на кривични дела.

„Немаме доволен број јавни обвинители, нема стручни соработници, нема основни технички услови за работа. До скоро немавме средства за да ги подмириме трошоците за преводи, вештачења… Тоа се наталожени проблеми од минатото, кои се навистина лимитирачки фактор во заложбите максимално да одговориме на поставените задачи“, тврди Јовески.

Total
0
Shares
Поврзани објави