Каде е Миле , судењето се одлага

Судското рочиштето за „Насилство во Центар“ денеска беше одложено затоа што обвинетиот во овој предмет Миле Јанакиевски не беше спроведен во судница од затворот во Шутка.

Судот  издал наредба Јанакиевски да биде доведен на судење од неговиот дом, каде тој ја издржуваше мерката куќен притвор, но полицијата не го нашла таму, затоа што од петокот за Јанакиевски е опреден притвор во затворот Шутка.

Јанакиевски е осомничен во последниот случај што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција,а  во врска со продажба на државно земјиште за изградба на луксузни хотели.

Истиот суд кој денеска испрати полиција во домот на Јанакиевски,  во петокот го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди 30 дена притвор во Шутка.

На Јанкиевски му беше одреден куќен притвор по инцидентот во затворот Шутка – кога беше притворен заедно со Спиро Ристоввски како осомничени дека го организирале насилниот упад во  Собранието на 27 април.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Игор Југ: Груевски го сметам за добар премиер ама за негативна нула како претседател на партија затоа што од ВМРО-ДПМНЕ направи бегалски камп од бегалките на другите партии

Игор Југ, утрово во Кривичниот суд зборува за 27 април и за партијата за која многу помогнал но…