Коронавирусот пронајден во отпадни води од март лани, покажува студија од Шпанија

Шпанските виролози пронајдоа траги од новиот коронавирус во примероци од отпадна вода во Барселона, кои биле собрани во март лани, девет месеци пред болеста Ковид-19 да биде идентификувана во Кина, објави денес Универзитетот од Барселона.
Откритието за присуството на геномот на вирусот толку рано во Шпанија, доколку биде потврдено, ќе имплицира дека болеста можжеби се појавила многу порано отколку што мисли научната јавност.
Тимот од Универзитетот во Барселона, кои тестираат отпадни води уште од средината на април оваа година за да идентификуваат потенцијални нови жаришта, решил да тестира и постари примероци.
Тие првично откриле дека вирусот бил присутен во отпадните води во барселона уште на 15 јануари годинава, 41 ден пред официјално да биде пријавен првиот случај.
Тие испитувале примероци собрани меѓу јануари 2018 година и декември 2019 година, и нашле присуство на геномот на вирусот во еден од нив, кој бил собран на 12 март лани.
„Нивоата на САРС-КоВ-2 беа ниски, но беа позитивни“, вели главниот истражувач Алберт Бош во цитат од соопштението на Универзитетот.
Истражувањето е доставено на рецензија.
Д-р Јоан Рамон Вилалби од шпанското здружение за јавно здравје и санитарна администрација за Ројтерс изјави дека сѐ уште е рано да се извлечат конечни заклучоци.
„Кога тоа е само еден резултат, секогаш сакате повеќе податоци, повеќе истражувања, повеќе примероци за да се потврди и да се исклучи лабораториска грешка или методолошки проблем“, вели тој.
Постои можност за лажно позитивен резултат со оглед на сличностите на вирусот со другите предизвикувачи на респираторни инфекции.
Бош кој е претседател на Шпанското здружение на виролози рече дека раната детекција уште во Јануари можело да го подобри одговорот на пандемијата. место тоа, пациентите веројатно биле погрешно дијагностицирани со обичен грип, придонесувајќи за негово ширење пред да бидат преземени мерки.

Извор: Ројтерс

Total
0
Shares
Поврзани објави