Лукаревска: Нема да ги галиме, ако рамковните не покажат резултати, ќе се збогуваме со нив

Доколку вработените по Рамковен договор кои се распоредени во оваа институција не покажат резултати во работењето, тогаш ќе мора да се збогуваат со нив, рече директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

„Сите кадри кои се во УЈП се во рамки на нашата систематизација која ја променивме за да можеме да ги примиме. Тие ќе поминат тест, ние нема да ги галиме. Ако не покажат резултати, ќе мора да се поздравиме соодветно затоа што никој директор кој си ја сака институцијата и работи совесно и чесно, не би сакал да има дамки во своето работење“,

рече Лукаревска.

Таа ја коментираше и одлуката на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски, кој одби да прими вработени по Рамковен поради несоодветно образование, и рече дека тоа е негова лична одлука и го почитува туѓото мислење. На прашањето дали би го разрешила, Лукаревска одговори дека „таа не е премиер“.

Таа направи и паралела со состојбата во ДПИ коментирајќи дека ситуацијата во УЈП е поинаква односно дека оваа инситуција имаме недостиг на кадар.

Total
0
Shares
Related Posts