Маж удрен од глисер

Во полициската станица во Струга вчера околу 18 часот е пријавен дека е повреден 60-годишен стружанец.

Тој е повреден од глисер управуван од 43-годишен маж. Несреќата се случила кај „Машка плажа“.

Повредениот е пренесен во болницата во Охрид, „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Total
0
Shares
Поврзани објави