Медицинските сестри ќе одат во странство ако не им се решат проблемите

Гордана Бешлиовска, претседателка на „За нас“, здружението на медицински сестри, техничари и акушерки денеска предупреди дека ако не се реши статусот на медицинските сестри, после пандемијата ќе имаме уште поголем одлив.

Нејзината реакција уследи по отказот на три месицински сестри од Инфективната клиника, со кои утринава се сретна министерот за здравство Венко Филипче.

„Нашите информации во моментов говорат дека голем дел веќе полагаат завршни испити во соседните земји и само чекаат крај на пандемијата и да си заминат“, рече Бешлиовска додавјаќи дека некој треба да се праша зошто медицинските сестри се незадоволни.

Во врска со напорите на министерот Филипче да ги заддржи на работа сестрите од Инфективна, Бешлиовска смета дека проблемот не може да се реши со индивидуални примери.

Според неа, на сестрите им е забрането да се пензионираат до декември, за што има поплаки од цела земја.

Total
0
Shares
Поврзани објави