Нема пријавени штети од утринскиот земјотрес

Македонските граѓани рано утрината беа вознемирени од земјотрес, со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала. Потресот најсилно бил почувствуван во Гостивар и во Маврово.

Земјотрес со локална јачина од пет степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 4 часот и 54 минути, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 50 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најмногу се почувствувал во Гостивар и во Маврово со 5 степени според европската макросеизмичка скала, во Тетово и во Скопје со 4, а во Битола, Прилеп и во околината со 3 степени.

Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствувал и во Албанија. 

извор: dw.com.mk

Total
0
Shares
Related Posts