Нова истрага на СЈО , одземен компјутерот на синот на Канческа

Нова предистражна постапка за дело од 2016 година е причина за претресот на истражители на СЈО во домот на поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска. Во присуството на нејзините адвокатите од дома и биле одземени два мобилни телефони но и компјутерот на синот. Се уште никој не открива за што се работи оти акцијата е во фаза кога предметот се уште е во предистражна постапка.
Истражителите одзеле мобилни телефони и тоа приватен и службен доделен од Собранието на РМ.

Total
0
Shares
Поврзани објави