Докторот Никола Пановски вели дека главни проблеми во медицината покрај малигните и кардиоваскуларните заболувања е појавата на мултирезистентни бактерии, односно враќање во црниот век.
Пановски за Утрински брифинг објаснува дека антибиотската ера од 1945 навака полека згаснува затоа што бактериите кои живееле 3 милијарди години брзо се адаптираат.
-Употребата на антибиотици врши селекција на бактериите. Тие брзо се размножуваат и мутираат и си ја пренесуваат резистенцијата едни на други. Кога ќе почнете наголо да давате антибиотик по пат на Дарвиновата теорија се прави селекција, вели д-р Пановски и додава дека резистенцијата одзема животи во Европа колку што тоа се случува и со сообраќајните несреќи.
Тој тврди дека во Медитеранските земји, како Италија, Грција, Кипар, па и Македонија се препишуваат антибиотици 3 до 4 пати повеќе од скандинавските земји.
„Кај нас од осум пациенти кои примиле антибиотик само еден требало да прими, вели д-р Пановски.