Симона Халеп го освои Вимблдон, ја победи Серена Вилијамс за неполн час

Симона Халеп е победничка во женска конкуренција на 133-тото издание на Вимблдон или неофицијалното Светско тениско првенство Во финалето кај дамите, Халеп експресно за само 58.минути ја победи седум кратната освојувачка на Вимблдон, Американката, Серена Вилијамс.  Халеп одлично го отвори мечот и уште на почетокот направи два брејка, па првиот сет го доби убедливо со 6-2.  Речиси идентично се одвиваа работите и во вториот сет, но вонего Романката направи брејкови во петтиот и седмиот гем, па ни него го реши во своја полза со 6-2.  За, Халеп ова е прво финале и прв трофеј на неофицијалното Светско тениско првенство Вимблдон, а само втор од Гренд-слем турнирите откако лани триумфираше на „Френч Опен“.   Серена втора година по ред го губи финалниот меч во Вимблдон.

Total
0
Shares
Поврзани објави