Секаде во светот, кога доаѓа папата, маршутата на движење се чува во тајност. Во Македонија пред време се асфалтира маршутата, сите да ја знаат. Ова е интересна твитер досетка која и не е далеку од вистината. Скопје се асфалтира на одредени места, се корнат дрва и се вадат жардињери. Се поместуваат обележја според кои и не е така тешко да се погоди каде ќе се движи Папата. Како и да е досетливиот твитерџија сепак не потсети дека маршутата се асфалтира а ним ни останува да се надеваме дека асфалтот ќе потрае и нема да пропадне уште првата зима.
Twitter : Светот ја крие маршутата на папата, Македонија ја откри

