По одлуката за случајот Монструм, Врховниот суд неделава ќе одлучува и за предметот за Звонко Костовски, единствениот кој призна вина и направи спогодба за случајот “Пуч”, во кој обвинет беше и премиерот Зоран Заев. Судот треба да одлучува по барањето на СЈО за евентуално укинување на спогодбата. Според СЈО Звонко Костовски е осуден како помагач во вршење на шпионажа во случајот „Пуч“, а пресудата не се базира на докази. Дополнително е спротивна и на законот – не може некој да биде осуден за помагач во вршење на делото шпионажа без да биде осуден оној на кој му помагал , навеле од СЈО во барањето до Врховниот суд.
На одлуката се чека повеќе од една година. во септември годинава беше ставена на дневен ред. Во Спогодбата на Обвинителството за организиран криминал со Ѕвонко Костовски направени се процесни повреди на одредбите кои се применуваат при спогодувањето за вина, образложи тогаш обвинителката Фатиме Фетаи.
„Спогодбата е на штета на осудениот Костовски, бидејќи тој е прогласен за виновен, односно осуден за помагач за кривично дело шпионажа. Во овој случај не било утврдено кривично дело шпионажа, ниту била утврдена конкретна одговорност на непосредниот сторител на кривичното дело шпионажа, бидејќи битието на тоа дело се состои во прибавување на тајни податоци и документи, со намера да бидат предадени на странска држава, организација. Во пресудата ниту е наведено која е таа странска држава, ни која организација, ни лица“, објасни Фетаи како во пресудата со спогодбата има осуден помагач на кривично дело, а нема сторител, ниту докажано дело.
Костовски беше осуден на 3 години затвор.
Поврзани објави
Груевски и Јанакиески на чекор да се спасат во „ТНТ“ – и одбраната и обвинителството побараа Апелација да пресуди застареност
Одбраната на сите обвинети во случајот „ТНТ“ на денешната јавна седница побара Апелацискиот суд Скопје да донесе одбивателна…
Верушевски бара 70.000 евра од државата за 344 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“
За 344 дена поминати неосновано во притвор за измислениот случај „Пуч“ со наводни странски служби и жолти комбиња,…
Актерката Силвија Стојановска ослободена од обвинение за 700 кг кокаин
Апелација побара, основниот суд пресуди и ги зеде предвид напаствијата да се разгледаат доказите дали актерката Силвија Стојановска…
10.000 евра казна изрече Кривичниот суд за бившата директорка на кожната клиника Нина Цаца Биљановска
10.000 евра казна изрече Кривичниот суд за бившата директорка на кожната клиника, Нина Цаца Биљановска поради пренесување на…