Автопатот кон Велес е затворен. За оние кои патуваат инфорамцијиите се дека мора да влезат во Велес за потоа повторно да се приклучат на автопатот.
Ресторанот „Глориус“ на велешкото езеро Младост е само еден од објектите кои во моментов се во пламен.
Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во близина на с.Отовица. Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна.
На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.
