Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес и утре.ќе престојува во Скопје со официјална делегација која ќе ја предводи, објави МНР. Политичкиот лидер на Унгарија доаѓа и како претседател на Советот на Европската Унија во втората половина од годината.
Утре, споре информациите на владината прес служба, ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид.
Потоа ќе има заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица во Охрид. Во рамките на посетата, ќе се одржат и бројни билатерални средби помеѓу македонските министри и нивните унгарски колеги.
Орбан ќе ги разгледа знаменитостите на Охрид, при што ќе биде посетена црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум.
Премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.