Земјотрес од 3,4 рихтерови степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по рихтер околу 2 часот по полноќ беше почувствуван на територијата на Град Скопје. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет епицентарот бил регистриран на 23 километри источно од главниот град на длабочина од 7 километри..

Земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се вели во официјалното соопштение.

Total
0
Shares
Related Posts