Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

Членовите на комисијата за помилувања на претседателката Гордана Силјановска Давкова си поднесоа колективна оставка.

„Ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи“, објави професорот Гордан Калајџиев во име на сите.

Останати членови покрај Калајџиев беа Методија Каневчев, Арлинда Кадри- Шахиновиќ, Зора Митиќ, Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.

Претходно членовите на комисијата беа повикани на разговор кај претседателката во резиденцијата на Водно, но од таму немаше информации за што се разговарало иако средбата беше во четвртокот.

Ваквата одлука следува по жестоките реакции во јавноста по помилувањето на поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба со бесплатниот ученички превоз, потоа Шенол Маслани уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога, Акиф Равманоски – член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првообвинет во аферата „Шпион“.

Total
0
Shares
Related Posts