Спречена катастрофа на Пулмологија, пациентот кој запалил цигара се уште е на лекување

Во болничка соба на Клиниката за пулмологија синоќа пациент на кислородна подршка пушел цигара и ја запалил маската преку која дишел поради ниската сатурација. Кога се појавил пламен маската ја фрлил на подот. Пациентот се здобил со изгореници на лицето и градите и е надвор од животна опасност. Брзата реакција на другите пациенти сместени со него во собата и дежурниот медицински персонал спречиле голема катастрофа. Го искучиле централниот довод на кислород на кој се поврзани сите Интерни клиники. Веднаш била повикана полиција. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против пациентот ќе биде поднесена пријава до Обвинителството. 

Директорот на пулмологија вели дека кај истиот болен медицинските сестри и претходно на масичката нашле цигари.

-Кај пациентот пред два дена се најдени цигари кај него, по што се одземени, но како што гледате свеста не е на тоа ниво, изјави за Сител проф.д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија.

Професорот Докиќ вели дека на сите пациенти пред хоспитализацијата им се посочува за куќниот ред во кој строго е забрането пушењето во целата зграда. Иако посетите се забранети, вработените во клиниката немаат право да ги контролираат личните работи кои блиските им ги праќаат на болните. 

-Во куќниот ред децидно стои дека е забрането пушењето и сите се запознаени со тоа, други мерки не знам кои би можеле ние како медицински лица да преземеме, сепак станува збор за некакви законски одредби кои треба да ги заштитат не само другите пациенти туку и медицискиот кадар, вели професорот Докиќ.

Во синоќешниот случај на Пулмологија за среќа избегната е катстрофа, а причинета е мала материјална штета, но потсети на големата трагедија во тетовската модуларна болница каде изгореа 14 пациенти и потврди дека е неопходна поголемо внимание поради опасноста од системите за кислород.

Total
0
Shares
Поврзани објави