Страшна сообраќајка во Чаир: Загина 16-годишен мотоциклист

На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје.

Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. 

Увид на местото  на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Уранија Пировска: Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно! НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“

Само неколку минути по објавувањето на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој коментирајќи ја аферата „Рекет“, рече дека…