ВМРО -ДПМНЕ донесе одлука – блокада на Собрание

ВМРО-ДПМНЕ од утре и официјално ја почнува активната блокада во законодавниот дом која ќе се однесува на сите како што велат штетни закони, но и на начинот на кој ќе се прави ребалансот на буџетот.

Пратеничката група на најголемата опозициска партија денеска на средба со нивниот лидер Мицковски во партиското седиште да го потврдат старт на активностите кои ќе ги превземат а за сите нови дополнително ќе известуваат. Крајната цел велат е пад на оваа влада.

Од СДСМ пак и денеска посочија дека имаат стратегија како да се справат со овие блокади а не се исклучува можноста и закони да се носат со европско знаменце. Сепак од пратеничката група на СДСМ и денеска обвинија дека нивните колеги од опозицијата водат деструктивни политики.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако Ковачевски одби да се сретне со Мицкоски на лидерска за да се преговара за датум за предвремени парламентарни избори а беше одбиен и предлогот за соработка со четири тима во четирите клучни области економија, здравство, образование и надворешна политика со акцент на преговорите со официјална Софија.

Од опозициската партија не ја исклучуваат можноста и за превземање на други чекори но како што посочија тековно ќе информираат.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина маестро Кире Костов

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни…