Кривичен бара судијката избрана за Апелација да го досуди Ласкарци зашто може да почне од почеток

По изборот на осуммина судии во Апелациониот суд, четворица за кривична и четворица за граѓанска материја, Кривичниот суд побара од Судскиот совет судијката Александра Ристеска, која беше избрана за судија во повисокиот суд да го досуди предметот за Ласкарци кој се влече со години и сега е на самиот крај.

-Основниот кривичен суд Скопје денеска се обрати до Судскиот совет на РСМ со барање судијата Александра Ристеска која, меѓу другото, постапува и како член на совет во предметот поврзан со автобуската несреќа кај с.Ласкарци да биде времено делегирана во Кривичниот суд се до објавување на првостепената пресуда за конкретниот предмет.
Судењето за автобуската несреќа кај село Ласкарци е во фаза на завршни зборови за што веќе се насрочени четири продолженија во текот на тековниот и следниот месец. Барањето е со цел економичност и целисходност на постапката како и спречување на непотребни одолговлекувања имајќи предвид дека со промена на судечкиот совет предметот може да почне од почеток со изведување на сите вербални и писмени докази како и сите вешти наоди, бараат од Кривичен.

Случајот „Ласкарци“ беше отворен во 2019 година, но поради потребата од супервештачење процесот се оддолжи речиси една година и се наоѓа на крајот од доказната постапка.

Судот бара од Судски совет во најкус рок да делегира најмалку тројца судии во одделот за Кривично полнолетни, одделението за Организиран криминал и корупција и одделението за Претходна постапка каде до овој момент постапуваа тројцата судии.

-Судот со заминувањето на тројцата судии, заради нивниот избор во Второстепен суд, и претходното престанување на судиската функција на 5 судии во текот на 2023 – та година како и делегирање во друг суд на 6 од 10 – те ново избрани судии во текот на изминатата година, Основниот кривичен суд останува со 42 судии, што може да ја доведе во прашање ажурноста на судот и надминување на приловот на нови предмети, имајќи предвид дека на годишно ниво судиите постапуваат по 215.000 предмети, соопштуваат од Судот.

Меѓу судиите што беа избрани за Апелација се и судијата Османи Шабани кој ги води „Титаник“, „Талир“ и случајот за Велешката група.

Предметот кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“ е отворен 2019 година и се наоѓа во доказна постапка, исто, како и повторената постапка за случајот „Титаник“, кој започна во 2018 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави