Основното јавно обвинителство Охрид го доби Секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид. Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса.
Детето првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија пуштено дома. Поради влошување на состојбата истото во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот.
#соопштение на ЈО
Поврзани објави
Приватните превозници утре ќе ја блокираат Илинденска, ако нема решение, од понеделник најавуваат целосна блокада на Скопје
Координативното тело на приватните превозници одлучи утре со почеток од 6 часот наутро да ја блокира улицата Илинденска…
Лога со ново соопштение против Судскиот совет, пропусти во судовите во Берово, Крушево, Кратово, Куманово
Министерството за правда на чело со министерот Кренар Лога утрово испрати соопштение во кое информира дека Комисијата констатирала…
Ги искачи Хималаите, го развеа македонското знаме и загуби два прста!
Здравко Дејановиќ е единствениот Македонец со три освоени врва над 8.000 метри, откако успеа да ги искачи трите…
Загина работник на ЕВН по пад од далновод
Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал денеска околу 9.30 часот откако паднал од далновод во близина на тетовското…