И Холандија времено ја запира употребата на АстраЗенека

Холандија ќе запре со користење на вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 најмалку до 29 март како мерка на претпазливост, соопшти синоќа холандската Влада.

Одлуката, која следи по сличен потег на Ирска претходно во текот на денот, е одговор на извештаите од Данска и Норвешка за можни сериозни несакани ефекти, се вели во соопштението.

Тројца здравствени работници во Норвешка кои неодамна беа вакцинирани со производот се хоспитализирани поради крварење, згрутчување на крвта и тромбоцитопенија, соопштија здравствените власти.

АстраЗенека вчера соопшти дека спровела проучување на здравствените податоци на повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани со нејзиниот производ во Европската унија и Велика Британија и не открила никаква врска помеѓу вакцината и таквите здравствени состојби.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Лекарката од Кожно која држела предавање на деца за корона се огласи – Добра сум, не сум била во контакт со директорката, спаѓам во група на низок ризик!

По големиот аларм кој го вклучија родители од Основно училиште каде минатата недела лекар од Клиниката која сега…