Почина и внукот на убиениот Камер Идризи

Почина и внукот П.П. на Камер Идризи, кој беше убиен во пукотница во скопската населба Бутел 2 на 12 мај откако кон неговиот автомобил беа испукани над 80 куршуми. Кон Идризи беше пукано во престрелката во 2019 година кај скопскиот хотел Александар Палас. 

Неговиот 24 годишен внук беше во критична состојба пренесено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, после пукањето во скопската населба Бутел 2, почина.

Идризи, лице добропознато на полицијата, во критичниот момент бил во возило марка „голф“ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Од возило во движење, најверојатно „ренџ ровер“ кон Идризи и негов помал внук кој бил со него во автомобилот беа испукани неколку десетици куршуми. 

Total
0
Shares
Поврзани објави