Уставен суд одлучи во корист на штедачите од „Еуростандард банка“

Здружението на оштетени физички и правни лица од стечајот на Еуростандард банка информира дека Уставниот суд пресудил во нивна корист. Како што е познато, членот 163 од Законот за банките кој беше на преиспитување, налага од стечајната маса побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити, да се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Токму на оваа одредба реагираа штедачите и бараа да се измени, односно Фондот да нема предимство.

-Би сакале да и пренесеме на пошироката јавност дека ДЕНЕС УСТАВНИОТ СУД ДОНЕСЕ ПОЗИТИВНА МЕРИТОРНА ОДЛУКА ПО ОДНОС НА ОВА ПРАШАЊЕ. Имено, како што е наведено во извадокот погоре од официјалното соопштение на Судот, истиот со донесената одлука го укина членот 163 став 3 од Законот за банки“, велат од здружението, додавајќи дека со овој допис сакале во име на сите членови на Здружението, но и во име на сите штедачи во банкарскииот систем, да им оддадат заслужена почит и благодарност на уставните судии што застанаа во одбрана на уставноста, информираат од здружението „Правда за штедачи“,

Како што соопштуваат штедачите, се работи за многу значајна законска одредба, која во суштина, може да предизвика реформа на законодавството во областа на банкарскиот систем.

Исто така и Уставниот суд денеска ја извести јавноста дека, расправајќи по точките од дневниот ред, одлучи да го укине член 163 став 3 од Законот за банките.

Согласно актуелното законско решение Фондот за осгурување депозити ги обесштетува осигурените депозити до 30 000 евра во денарска противвредност, оние над тој износ, како во случајот и со Еуростандард банка, се пријавуваат како побарувања од стечајната маса.

Фондот е државна сопственост, гарантира покривање на одредено осигурено ниво на наплата на депозити на физички лица во банките на територија на Република Северна Македонија и неговата финансиска одржливост е неопходна за целокупниот банкарски сектор во државата..

Дозволата за работа на Еуростандард банка ѝ беше одземена во август минатата година, од кога и се обештетуваат штедачи кои имаа депозити до 30.000 евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави